ЕКИПА во Гдиња,
Владимир Булатовиќ, Никола Ѓуровски, Игор Паневски
Двата натпревари на Македонија досега одиграни на Европското првенство во Полска се сместени меѓу четирите најдобри досега на шампионатот, според изборот на УЕФА.
Европската куќа на фудбалот денеска ги селектираше најдобрите четири меча од вкупно десетте одиграни во досегашниот меч на шампионатот. И, од сите десет дуели, дури три се од нашата квалификациски група, а меѓу нив двата на македонската репрезентација против Шпанија и против Србија.
Според изборот на УЕФА, најдобар натпревар досега на првенството е оној синоќешниот меѓу Шпанија и Португалија кој заврши со победа на „фуријата“ од 3-1. Втор на листата е оној меѓу домаќинот Полска и Шведска (2-2) а на третото место е дуелот меѓу Македонија и Шпанија. На четвртото место е вчерашниот натпревар на македонската селекција против Србија кој заврши без победник, 2-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА