Спорен гол на чаирчани – Шкупи води на дербито со Шкендија…, Тиквеш има предност против лидерот Струга ТЛ (ВИДЕО)

Шкупи има предност од 1-0 на полувремето против Шкендија во дерби пресметката од 19. коло во Првата македонска фудбалска лига.

На натпреварот кој поради казната на чаирчани се игра без публика во Кичево, Шкупи поведе во 36. минута со голот на Алварез.

Убав шут на Алварез за водство од 1-0, но ќе остане овој погодок за анализи поради спорниот момент во акцијата непосредно пред погодок. Се чини дека Брдаровски во нападот и пред нафрлањето од десната страна направи прекршок, реагираа фудбалерите на Шкендија, но погодокот остана признат.

Работнички води со 0-1 на гостувањето против Победа во Прилеп со голот на Ѓуриќ во 14. минута, а Тиквеш во Кавадарци води против лидерот Струга ТЛ со голот од 43. минута на Мишов.

Почетоците на денешните натпревари беа одбележани и со едноминутен молк во знак на почит за настраданите од страотните земјотреси во Турција и во Сирија.

ПМФЛ – 19. КОЛО (прво полувреме)
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 0-0
Кичево: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 1-0
Алварез 36′
Штип: БРЕГАЛНИЦА – СКОПЈЕ 0-0
Прилеп: ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1
Ѓуриќ 14′
Кавадарци: ТИКВЕШ – СТРУГА ТЛ 1-0

Мишов 43′

Се вчитува...