Спорт и политика: Потпиша за клуб во Русија, го избришаа од Украина

Политичката криза меѓу Украина и Русија се одрази и врз спортот, откако украинскиот репрезентативец Јарослав Ракитски беше избришан од националниот тим – бидејќи решил кариерата да ја продолжи во Русија. Станува збор за еден од репрезентативците со најдолг стаж во украинскиот национален тим, но таа епизода од неговиот живот заврши во моментот кога реши да си замине од Шахтјор Доњецк и да потпише за Зенит.

Селекторот Андриј Шевченко го објави списокот за почетокот од квалификациите за ЕВРО 2020, на кој не се најде името на Ракитски, а неговото име е целосно избришано на веб-страницата на Фудбалската Федерација на Украина, иако Ракитски има зад своето име 54 натпревари и пет погодоци.

Велат политиката и спортот не смеат да се мешаат, но ваквите случаи само потврдуваат дека тоа е невозможно.

Се вчитува...