Македонскиот фудбалски репрезентативец Стефан Ристовски и дефинитивно е во сопственост на португалскиот гигант Спортинг Лисабон, пишува весникот „А Бола“. Со првиот настап на Ристовски како стартер за Спортинг Лисабон, што се случи против Маритимо во Лига-купот, активирана е клаузулата од договорот со Ријека, според која Спортинг треба да и плати 2,25 милиони евра, за целосно откупување на Македонецот.
Ристовски замина од Ријека како позајмен играч, но во договорот меѓу двата клуба имаше клаузула за комплетно откупување по првиот настап што ќе го одигра како стартер. Сега Стефан Ристовски, според португалските медиуми, треба да потпише тригодишен договор со Спортинг Лисабон, со опција за продолжување и за дополнителни две сезони.
Тренерот Жорге Жесус со пофални зборови се изрази за настапот на Стефан Ристовски, истакнувајќи дека тој на тимот му носи дополнителен мир. Македонскиот репрезентативец за конкуренција на десната бековска позиција го има италијанскиот интернационалец Кристијано Пичини.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА