Спортинг Лисабон го сака синот на Роналдо

Португалскиот клуб Спортинг Лисабон сака да го има во својот клуб синот на Кристијано Роналдо. Раководството на клубот смета дека младиот Кристијанињо би можел да оди по стапките на својот татко и да има одлична кариера. Роналдо се вивна во европскиот фудбал токму во Спортинг Лисабон, а потоа направи трансфер во Манчестер Јунајтед.

Роналдо јуниор почна да тренира фудбал во Реал Мадрид, сега е дел од академија на Јувентус, а Спортинг Лисабон сака да го врати во Португалија. Остварени се првите контакти со неговата баба Долорес, а конечлниот збор секако ќе го има Кристијано Роналдо.

Се вчитува...