Португалскиот клуб Спортинг Лисабон има намера да ја ’украде’ шампионската титула од градскиот ривал Бенфика во новата сезона, па реализира две значајни засилувања во одбраната. Раководството на клубот реши да ’пазари’ од Барселона и од Реал Мадрид.
Нов член на Спортинг Лисабон е Жереми Матју, досегашниот фудбалер на Барселона, кој потпиша договор до 2019 година со новиот клуб. Истото се очекува да го стори и Фабио Коентрао, кој долги години го носеше дресот на Реал Мадрид. Левиот бек во текот на денешниот ден ги минува медицинските прегледи и се очекува да стави потпис на верност за Спортинг Лисабон.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА