Спортинг Лисабон со предност ќе патува во Полска, но може да жали што таа не е поголема

Ракометарите на Спортинг Лисабон со предност од четири гола ќе патуваат на реваншот во Полска кај Висла Плоцк откако вечерва на домашен терен славеа со 33-29 во првиот натпревар од осминафиналниот двомеч во Лигата на шампионите.

Португалците одиграа едно одлично прво полувреме по кое имаа предност од 19-12. Сепак, гостите успеаја да одиграа подобро во вториот дел и на крајот да стигнат до прифатливи минус четири 33-29.

Франциско Кошта со десет гола е прво име во таборот на победникот, додека кај поразените Дашек, Ричардсон и Крајевски постигнаа по пет гола.

Се вчитува...