Спортинг пак го излажа Михајловиќ – следи исфрлање од европските купови

Спорот меѓу Синиша Михајловиќ и Спортинг Лисабон уште повеќе се искомпликува откако беше обелоденето дека португалскиот клуб лажел при објавата дека е исплатен долгот кон српскиот стратег. Спортинг го именуваше Михајловиќ за тренер во јуни 2018 година, но само неколку дена подоцна на чело на клубот дојде нова управа, која го прекина договорот со овој стручњак. Михајловиќ го тужеше клубот за едностран раскин на договорот, судот пресуди да добие три милиони евра, а како краен рок беше наведен 30 април.

Челинците на Спортинг пред два дена се пофалија дека долгот кон поранешниот тренер е подмирен, но денеска се јави Михајловиќ, кој истакна дека тоа е само уште една во низата лаги од раководството на португалскиот клуб. Воедно, тој бара од УЕФА да реагира и да го исфрли Спортинг од европските натпреварувања.

„Спортинг до денеска ми го нема исплатено она што ми го должи. Од почетокот на годинава, кога беше донесена судската одлука, тие упорно се обидуваа да ја пролонгираат исплатата. Во последните месеци ми даваа различни понуди за темпо на плаќање, но сето тоа беше само игра за да добијат на време. Затоа решив во спорот да ја вклучам и УЕФА, по што Португалците ми платија само дел од долгот. Нивното однесување е неприфатливо, повторно ќе се обратам до УЕФА и ќе барам да бидат исфрли од европските натпреварувања“, порача Синиша Михајловиќ.

Се вчитува...