По страшниот земјотрес кој ја зафати Хрватска, се активираа спортистите на оваа земја, како и навивачите кои активно учествуваат со секаква помош на погодените места во Сисак и Петриња.
Членовите на хуманитарното здружение „Кро Уном“ кој е составено од прославени хрватски спортисти, професори и разни личности од јавниот живот меѓу кои се и Мирко Филиповиќ, Давор Шукер, Дино Раџа, Јосип Симуниќ и Фрањо Араповиќ за неколку часа собра 150 илјади куни, а покрај тоа денеска се очекува и праќање на три камиони со основни средства потребни за живот.
Активни на лице место се и навивачите на клубовите кои со сопствени возила, а подоцна и со организиран превоз стигнаа во погодените места и во текот на целиот ден помагаа на разни начани, со чистење на улиците, превоз на средства и помагајќи на мештаните, војската, полицијата и медицинскиот персонал.
Видеото од заминувањето на познатите „Бад Блу Бојс“ од Петриња и аплаузот на мештаните можете да го погледнете ТУКА.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА