Организаторите на Летните олимписки игри во Токио ги објавија правилата за сите учесници на најголемата смотра во светот на спортот. Сите спортисти ќе бидат тестирани на четири дена и кај секој кај кој ќе се потврди присуство на коронавирус автоматски ќе биде дисквалификуван од игрите.
Во документот кој има 33 страни се вели дека спортистите мора да почитуваат меѓусебна дистанца и да ги почитуваат сите правила од страна на организацискиот одбор. Тоа значи дека е забрането дружење меѓу нив, ракување и прегрнување.
И покрај тоа што коронавирусот се шири во Јапонија, од ИОК и од организацискиот одбој на игрите уверуваат дека игрите ќе се одржат во предвидениот период од 23. јули до 8. август годинава.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА