Спортистка од Индија остана без златото поради 150 грама поголема тежина

Индиската борачка Винеш Фогат доживеа многу лоша среќа бидејќи беше дисквалификувана неколку часа пред нејзиниот последен настап на Игрите. Таа требаше да настапи во финалето во борбата за златото, но не успеа во мерењето.

Звучи неверојатно, но судиите ја дисквалификуваа бидејќи имала само 150 грама повеќе од дозволеното за таа категорија.

Така без борба го загуби златото, а Сара Хилдебранд стана олимписка шампионка.

Борачката од Индија цела ноќ се обидувала да дојде до идеалната тежина. Таа дури вежбала и трчала цела ноќ во вежбална, но на крајот не успеала. На крајот дури и се слошило, па била пренесена и во болница.

Се вчитува...