Олимпискиот шампион во кревање товар, Турчинот Наим Сулејманоглу, почина ненадејно на 50-годишна возраст, а неговиот најголем ривал, Гркот Валериос Леонидис, дојде да му каже збогум и да го испрати во вечните ловишта. Оваа неверојатна спортска приказна покажува дека спортот создава нераскинливи врски и дека почитта која се создава меѓу конкурентите трае вечно.
„Џепниот Херкулес“, како што го нарекуваа Наим Сулејманоглу, кој освои олимписки и светски медали за Турција во кревање товар, почина на 18 ноември. Неговиот најголем ривал од ОИ во Атланта 1996 година, Валериос Леонидис, кого турските новинари го известија за смртта на Сулејманоглу, изрази желба да дојде на погребот и да го испрати својот некогаш спортски „непријател“, но подоцна голем пријател. Гркот од финансиски причини не беше во можност сам да ги покрие трошоците, но кога сторијата беше објавена во турските медиуми, тогаш Министерството за спорт на Турција ја презеде работата и му овозможи на Леонидис да допатува на погребот.
Леонидис дојде и го бакна ковчегот, во знак на почит кон својот ривал, кој потоа му стана и пријател.
Спортот создава нераскинливи врски…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА