Спортска дипломатија преку спорт, култура и туризам – ЕМОФ Скопје 2025

Покрај врвните спортски натпревари, Европскиот младински олимписки фестивал претставуваше и исклучителна платформа за промоција на Република Македонија пред цела Европа.

 Во рамките на фестивалот се одржа Европската Олимписка Вечера, на која присуствуваа претставници од сите европски земји, заедно со министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски. Во својот јавен настап, министерот ја промовираше нашата земја како достоен домаќин на вакви големи настани, и упати искрена благодарност до сите присутни за нивната поддршка и учество.

Од културолошки аспект, Министерството за култура ги отвори вратите на сите музеи во Скопје, овозможувајќи бесплатен влез за сите посетители и притоа ја збогати културната понуда на градот.

Од туристички аспект, гостите имаа можност да ја доживеат природната убавина на нашата земја преку посета на Кањонот Матка и тура со брод до пештерата Врело, како и преку промоција на винскиот туризам со организирана посета на Винаријата Лазар.

 ЕМОФ Скопје 2025 уште еднаш докажа дека спортот е моќен мост кој ги обединува културата, туризмот и дипломатијата, оставајќи траен впечаток кај сите учесници.

Проектот за спортска дипломатија е поддржан од страна на Олимписката Солидарност.

Се вчитува...