Порака до Меси: Напушти ја „фудбалската пародија“ наречена МЛС

Легендарниот кондициски тренер Фернандо Сињорини кој соработуваше со легендарниот Диего Марадона упати порака до Лионел Меси да замине од Соединетите американски држави и тамошното најсилно фудбалско првенство МЛС со цел да биде подготвен за настап на Светското првенство во 2026 година по кое веројатно и ќе замине во репрезентативна пензија.

Меси е дел од Интер Мајами во последните две и пол години, од летото во 2023 година кога замина од ПСЖ за нов предизвик, овој пат надвор од границите на Европа.

„Лео мора како приоритет да го земе Светското првенство. Фатен е во овој пеколен строј за поставување нови рекорди чија цел не ја знам бидејќи тоа го прави во Интер Мајами не е фудбал, тоа е пародија на фудбалот.

Три месеци пред Светското првенство треба да земе одмор од барем месец дена со семејството за да се детоксицира и да ја врати гладтта која ќе му недостасува. Мора да даде приоритет на Светското првенство и да не размислува за играње на секој натпревар од првата минута“, му порача легендарниот кондициски тренер.

Се вчитува...