Спортска Македонија но и бројни клубови од соседството се простуваат од фудбалерот на Шкупи, Андреј Лазаров (25) кој трагично го загуби животот во синоќешниот ужасен пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани во кој животот го загубија 59 млади лица.
Од Андреј се збогуваше Шкупи, но и неговите поранешни клубови Работнички и Тиквеш, како и хрватскиот прволигаш Горица каде настапуваше минатата сезона.
Сочувство за семејствата на починатите во трагедијата искажаа и бројни клубови од Балканот меѓу кои и кошаркарскиот евролигаш, Партизан од Белград.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА