Државното средно училиште Спортска Академија деновиве ќе биде домаќин на три спортски настани во кои ќе одигра меѓународни натпревари со младинските екипи на реномирани професионални ракометни и кошаркарски клубови.
Денеска и утре, со почеток во 17 и 19 часот, во салата на Факултетот за физичко образование, спорт и здравје ќе се одиграат натпреварите од ракометниот турнир на кој ќе учествуваат екипите на РК Црвена Ѕвезда, РК Морнар, РК Металург и селекцијата на ДСУ Спортска Академија.
Во истата сала, женската ракометна селекција на Академијата, во чиј состав се најголемиот дел од младинските ракометни репрезентативки на Македонија кои изборија учество на европското младинско првенство оваа година, ке одиграат 2 натпревари со соодветната младинска ракометна репрезентација на Србија, и тоа на 4 јуни во 17 часот и на 5 јуни во 10:30 часот.
Кошаркарската селекција на ДСУ Спортска адемија ќе биде организатор на меѓународниот кошаркарски турнир, на кој се очекуваат екипите на КК Партизан, КК Мега Лекс и КК Борац, кој ке се одржи во СРЦ Кале на 9,10 и 11 јуни, со закажани термини на натпреварите во 17 и 19 часот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА