Спортската сала „Нико Нестор“ во Струга заврши под клуч

Спортската сала „Нико Нестор” во Струга во која се натпреваруваат шест спортски клубови е затворена од трудовата инспекција.

Причини за затворањето се тоа што прозорците се искршени, кровот прокиснува на сите страни, скоро да нема рефлектори, бидејќи лесно може да настрадаат од струен удар или пожар и никој не знае во каква состојба е и електричната инсталација. Постои опасност кога рефлекторите се запалени да дојде до краток спој и пожар.

„Веројатно последен тренинг е овој во салата. Жално затоа што ни носеше многу радости. Чудно никој не напиша ниту кажа како да ја средиме, никој не знае како да помогне. Конкретно преку 100 девојки од нашиот клуб останаа без основно средсто за спортување. Се надевам дека само привремено се просутваме од нашата сала”, напиша Владимир Ѓоровиќ, тренер на ЖКК Струга 2009.

Спортската сала „Нико Нестор” взаемно ја стопанисуваат Сојузот на спортови Струга и истоименото средното училиште, во кое учат 1.500 деца.

 

 

Се вчитува...