Барселона ја продолжи доминацијата на шпанската ракометна сцена со освојување на нов трофеј во Копа дел реј. Вообичаено е пехарот прв да го крене капитенот, но во овој случај Виктор Томас реши таа чест да му ја препушти на Кире Лазаров, македонскиот „бомбардер“ кој со Барса освои се што можеше да се освои и за кого ова беше последен меч во дресот на каталонскиот гигант, пред трансферот во францускиот прволигаш Нант.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА