Спортски момент на годината – Атлетичар му помогна на повредениот ривал да ја заврши трката (ВИДЕО)

Атлетиката е спорт во кој фер-плејот и почитта меѓу натпреварувачите е на прво место. Најемотивниот спортски момент годинава се случи уште на првиот ден од атлетското Светско првенство во Доха, каде на трката на 5000 метри атлетичарот од Гвинеа-Бисау, Браима Сункар Дабо го запостави своето време за да му помогне на колегата од Аруба, Џонатан Басби да ја заврши трката.

Атлетичарот од Аруба заработи грч на ногата и не можеше да ја заврши трката, но тука беше неговиот колега кој му помогна на својот ривал да ја заврши трката. И двајцата атлетичари беа далеку од најдобрите во првата полуфинална трка, но со меѓусебна помош успеаја да забележат најдобри резултати во кариерата.

Веројатно првата полуфинална трка на 5000 метри ќе биде избрана за спортски момент за 2019 година.

 

Се вчитува...