Спортски новинар на натпревар се заразил од коронавирус

Коронавирусот продолжува да се шири низ Шпанија, а последниот регистриран случај е спортски новинар од Валенсија, кој се заразил следејќи го дуелот од ЛШ во Милано меѓу Аталанта и Валенсија.

„Станува збор за 44-годишно лице, новинар кој патувал во Миланоза фудбалски натпревар. Тој беше позитивен при првото тестирање, како и при вториот примерок што беше анализиран во специјалната лабораторија во Мадрид“, информираат шпанските медиуми.

Новинарот, чиј идентитет разбирливо се чува во тајност, се јави со порака преку весникот „Las Provincias“.

Се чувстувам перфектно. Тоа беа симптоми на грип, но бидејќи патував во Италија решив самиот да отидам во болница за да се тестирам од коронавирус. Реално, симптомите не ме спречуваа да одам на работа, но решив да се тестирам бидејќи чувствував одговорност. Нема потреба од никаков аларм“, порача болниот новинар.

Се вчитува...