Спортскиот директор на Баерн Минхен, Макс Еберл го истакна своето незадоволство од делењето на правдата во полуфиналето во Лигата на шампионите.
Реал Мадрид со пресврт во финишот го совлада тимот на Баерн, и избори ново финале, а таму на 1. јуни на Вембли ќе игра против Борусија Дортмунд. Главниот судија Шимон Марчинјак заедно со неговите помошници контроверзно поништија гол на Баерн за 2-2 покажувајќи офсајд, притоа не дозволувајќи да заврши акцијата.
„Сите сакавме да видиме германско финале. Сите, освен полските судии“, коментираше Еберл.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА