Спортскиот директор на Јувентус, Кристијано Џунтоли зборуваше за напаѓачот Душан Влаховиќ кој игра во лоша форма. Пред неколку дена се појави информација дека Јувентус сака да му ја намали платата, по што следеше лут одговор на Влаховиќ.
Поради сето ова се огласи директорот на „Старата дама“, убеден дека ќе се најде компромисно решение со српскиот играч.
„Што се однесува до иднината на Душан, нема проблем. Наскоро ќе седнеме и ќе најдеме решение. Играч како Влаховиќ никогаш не може да биде проблем. Целта е нов договор и ќе успееме. Тој е играч кој вреди многу и заработува многу, тоа е за нас е предност“, изјави Џунтоли.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА