Спортскиот музеј на гордоста „Спортс Бир Гарден“ денеска слави една година! (ВИДЕО/ ФОТО)

Со свечено одбележување вечерва од 20 часот во Дајмонд мол, а собирајќи ги на едно место сите најголеми имиња од спортскиот, јавниот и општествениот живот во Македонија, единствениот македонски спортски музеј на гордоста „Спортс бир гарден“ денеска слави една година од своето постоење!

„Со спортот во срце“ е мотивот на првите луѓе на веќе препознатливиот домашен бренд „Beer Garden“ кој точно една година реализира повеќе од племенита идеја која ги воодушеви сите љубители на спортот во Македонија. Истакнатите домашни вљубеници, финансиери и помагатели на спортот, сопствениците на „Beer Garden“, Јовица Николовски, Александар Китановски и Иван Ташковски, спортскиот бар во рамките на трговскиот центар „Дајмонд мол“, го претворија во вистински „Спортски музеј на гордоста“. За првпат Македонија во својата независна историја има спортски простор и музеј од ваков тип!

Благодарение на несебичната поддршка од најголемите домашни спортски имиња, тренери и спортски институции, спортскиот бар на Beer Garden доби извонредно спортско лице. Просторот се трансформираше во мал спортски музеј, во кој посетителите можат одблиску да ги видат оригиналните дресови, трофеите, фотографии и останатите вредни сувенири кои сведочат за незаборавните спортски моменти од историјата на Македонија.

А, оригинални дресови од своите најпрепознатливи натпревари, оригинални трофеи, фотографии и историски реквизите кои може да ги погледнете во спортскиот бар „Бир Гарден“ во „Дајмонд мол“ веќе донираа легендите на македонскиот спорт Дарко Панчев, Горан Пандев, Кире Лазаров, Петар Наумовски, Перо Антиќ, Шабан Трстена, Никола Ѓоргиев, Пепи Манасков, Индира Кастратовиќ, Драган Канатларовски, Артим Шаќири, Ѓорѓи Христов, Гоце Седлоски, Гордана Нацева, Васил Рингов, Влатко Грозданоски, Бобан Грнчаров, Горан Попов, Врбица Стефанов, Дејан Георгиевски, Драги Сетинов, Елиф Елмас, Енис Барди, Столе Димитриевски, Александар Трајковски…, но и балканските и светски легенди Веселин Вујовиќ, Светислав Пешиќ, Лино Червар, како и истакнатите домашни тренерски имиња, Благоја Милевски, Ѓоко Хаџиевски, Емил Рајковиќ, Марјан Илиевски, Јошко Миленковски…

„Во време кога спортот не само што обединува, туку и инспирира, Beer Gartden испраќа голема благодарност до сите македонски спортисти кои со своите лични успеси донесоа радост, гордост и емоции на целата нација. Една година од почетокот на нашата иницијатива со која сакаме не само да го зачуваме спортското наследство, туку и да ги мотивираме идните генерации. Нашата цел е Beer Garden да стане место каде што спортот се слави секој ден – не само преку натпревари на екраните, туку и преку живи спомени, приказни и емоции. Ова не би било возможно без спортистите кои веруваа во оваа идеја и со отворено срце ја поддржаа. Нивната подготвеност да споделат дел од својата кариера со јавноста е чин што заслужува длабока почит. Од срце ви благодариме! Beer Garden останува посветен на спортот, на културата на навивање и на зачувување на она што значи вистинска спортска историја уште долги, долги години“ – порачуваат сопствениците на „Beer Garden“ на денешниот свој прв роденден!

Се вчитува...