Светската вест оваа недела е атентатот на поранешниот американски претседател и кандидат на Републиканците за нов мандат Доналд Трамп.
Нападот се случи доцна синоќа, а спортскиот свет не остана имун на веста за нападот на Трамп. Кошаркарскиот селектор на САД, Стив Кер, беше видно вознемирен од случувањата во неговата татковина, додека тој и репрезентацијата се подготвуваат за турнирот во Абу Даби.
„Дознав во групен разговор со моето семејство, тие пишуваа пораки во 5.30 наутро. Јас бев како: „Чекај, што? Така, веднаш отидовме да дознаеме што се случило. Тоа беше уште една деморализирачка сцена за нашата земја. Страшно е да се размислува каде оди ова поради проблемите кои веќе постојат во земјата“, изјави Стив Кер.
Овој настан предизвика вистински хаос низ САД, а речиси веднаш почнаа да пристигнуваат реакциите на спортистите.
„Не ми е гајле колку го сакате или мразите Доналд Трамп, ова не е време да играте политика. Молете се за него, неговото семејство и сите погодени од ова пукање“, напиша поранешната ѕвезда на НФЛ, Роберт Грифин.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

