Аматерскиот снукер-играч Џејмс Кејхил го приреди најголемото изненадување во историјата на овој спорт, откако во првото коло од Светското првенство го елиминираше Рони О’Саливен.
Легендарниот О’Саливен влезе на светскиот шампионат како прворангиран светски играч, но беше шокиран уште на стартот од турнирот во Шефилд. 23-Годишниот Кејхил водеше со 5-4 по првата сесија во понеделникот, ја зголеми предноста на 8-5, за денеска да го комплетира чудото со победа од конечни 10-8 во фрејмови.
„Се чувствував преморено, се мачев да заспијам. Чувството е очајно, на Светското првенство се доаѓа стопроцентно подготвен, а јас бев физички и ментално исцрпен, не можев да дадам се од себе и со тоа си ја искомпликував ситуацијата“ – изјави О’Саливен по неочекуваниот пораз.
Amazing scenes at the Crucible as amateur debutant James Cahill knocks out the games greatest Ronnie O Sullivan. #snooker #Ronnieosullivan #jamescahill #WorldChampionshipSnooker pic.twitter.com/k7BTHarfiL
— Sean Purcell Art (@seanpurcellart) April 23, 2019
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА