Спуштена завесата на 24. ЗОИ – Довидување Пекинг, добредојде Милано!

Со спектакуларна церемонија беше спушетна завесата на 24. Зимски олимписки игри во Пекинг 2022 година. Главниот кинески град овие шеснаесет дена испиша историја, како прв град кој бил домаќин и на Летни и на зимски олимписки игри.

Македонија на игрите имаше тројца претставници, од кои само двајца настапија. Нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска имаа настап во трките во крос-кантри, додека алпскио скијач Дардан Дехари не настапи во слалом и велеслалом поради повреда.

Најуспешна нација на игрите е Норвешка со рекордни шеснаесет златни одличја, пред Германија која заврши со 12 и домаќинот Кина со девет.

Следните игри во 2026 година ќе бидат во италијанските Милано и Кортина Д’ампецо.

 

 

Се вчитува...