Легендарниот поранешен фудбалер и функционер на Милан, Паоло Малдини нема да учествува на церемонијата по повод 125 годинишната од клубот, соопштуваат италијанските медиуми.
Малдини наводно ја одбил поканата која ја добил од страна на неговиот поранешен клуб. Малдини и натаму не може да им го заборави отказот кој му го дадоа во текот на минатата сезона.
На церемонијата нема да присуствуваат ниту легендарните Андреј Шевченко и Звонимир Бобан. Украинецот ја одбил поканата поради професионални обврски, додека Бобан не бил поканет за оваа церемонија, по што го искажа своето незадоволство.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА