Срамота: Фудбалер на Реал ја оставил девојка му пред породувањето и заминал на забава во Мајами! (ФОТО)

Бразилската инфлуенсерка Каролина Лима раскинала со Едер Милитао само неколку недели пред породувањето. Бразилскиот стопер Едер Милитао зад себе има сезона во која со Реал Мадрид ги освои Примера и Лигата на шампионите, а досега се чинеше дека оваа година му беше одлична и на приватен план.

Едер долго време е во врска со Каролина Лима, но сега бразилската убавица му се налути! Таа е во деветтиот месец од бременоста и има компликации, а Милитао заминал на забава далеку од неа.

„Не е со мене, се забавува во најдобрите ноќни клубови во Мајами“, напиша Лима на Инстаграм.

Бразилските медиуми одат дотаму што велат дека Лима и Милитао раскинале! Пред само две недели објавија заедничка слика на која беа прегрнати, но сега очигледно работите не одат толку добро.

 

Се вчитува...