Срамен дебакл доживеа белградски Партизан во 2. квалификациско коло за Лигата на шампионите на УЕФА, на дуелот против Динамо Киев кој се играше во Лублин, Полска.
Украинците славеа со неверојатни 6-2 во натпревар во кој Партизан прв поведе со голот на Салдања од пенал уште во 22. минута.
— @FCStreamTV 👈👈👈 (@Pushtv_26) July 23, 2024
Но, потоа се случи целосен потоп на црно-белите за само пет минути во финишот на првото полувреме, кога Динамо Киев со головите на Шапаренко во 40. минута, Бражко во 43. минута и Караваев во 45. минута поведе со 3-1.
— @FCStreamTV 👈👈👈 (@Pushtv_26) July 23, 2024
— @FCStreamTV 👈👈👈 (@Pushtv_26) July 23, 2024
— @FCStreamTV 👈👈👈 (@Pushtv_26) July 23, 2024
Во второто полувреме, Украинците со голот на Кабаев во 55. минута зголемија и на 4-1, а откако Салдања во 66. минута намали на 4-2, Попов во 83. минута зголеми и на 5-2, а конечните 6-2 ги постави Пихалјонок во 92. минута.
— @FCStreamTV 👈👈👈 (@Pushtv_26) July 23, 2024
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА