Баер Леверкузен продолжува сигурно да чекори кон првата титула во Бундеслигата откако денеска славеше на гостувањето кај Унион Берлин со минимални 0-1 во 28. рунда од германскиот шампионат.
Клучниот момент во натпреварот се случи во судиското надополнување во првото полувреме кога Флоријан Вирц од пенал го постигна погодокот вреден три бода. Победата за „фармацевтите“ е уште поголема, бидејќи првиот конкурент Баерн Минхен доживеа нов срам и загуби од Хајденхајм со 3-2. Баварците без поголеми проблеми по првото полувреме имаа позитива од 0-2 со головите на Кејн и Гнабри.
Но, на стартот на вториот дел уште еднаш, по кој знае кој пат се покажа дека од тимовите кои ги води Томас Тухел можеш се да очекуваш. Тухел успеа дури и од Баерн Минхен да направи тим кој понекогаш личи за потсмев. Домаќините прво преку Сеса во 50. минута намалија на 1-2, а само минута подоцна беше и 2-2 со голот на Клендајншт. Конечните 3-2 беа дело на Клендајншт кој го постигна својот втор гол во 79. минута.
FC Heidenheim [3] – 2 Bayern München – Tim Kleindienst 79′
byu/dragon8811 insoccer
Елиф Елмас и неговиот Ред Бул Лајпциг стигнаа до убедлив триумф од 1-4 на гостувањето кај Фрајбург, но нашиот фудбалер повторно шанса доби само во финишот на мечот. Елмас во игра влезе во 83. минута и ги одигра последните десетина минути.
РЕЗУЛТАТИ БУНДЕСЛИГА 28. КОЛО:
КЕЛН – БОХУМ 2-1
ФРАЈБУРГ – ЛАЈПЦИГ 1-4
ХАЈДЕНХАЈМ – БАЕРН М. 3-2
МАЈНЦ – ДАРМШТАД 4-0
У. БЕРЛИН – БАЕР Л. 0-1
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА