Срамен потег на Англичани: Исмејуваа дете починато од рак, им се заканува доживотна забрана

Деветтото коло во второлигашката конкуренција во англискиот фудбал беше отворено со средбата помеѓу Шефилд Венздеј и Сандерленд, натпревар кој заврши со победа од 0-3 на гостите, но истата остана во сенка на немила сцена која настана на трибините.

Незадоволни од резултатот, двајца домашни навивачи се одлучија да ги прозиваат гостинските навивачи покажувајќи слика од прерано починатиот Бредли Лури, големиот фан на Сандерленд чии детство беше прекинато во 2017 година откако не ја доби битката со рак.

Овој потег беше доживеан како шок во англиската фудбалска јавност. Поради истиот на социјалните мрежи започна и „акција“ за откривање на идентитетот на навивачите, а од нив се огради и Шефилд Венздеј. По малата истрага се испостави дека станува збор за враќа, Дејл и Дру Хогхтон на кои им се заканува најмалку доживотна забрана за присуство на стадион.

Се вчитува...