Срамен потег на Унаи Емери – Артета не можеше да верува (ВИДЕО)

Фудбалерите на Арсенал остварија убедлива победа од 4-1 на „Емирати“ против Астон Вила.

Иако во првото полувреме не беше постигнат ниту еден гол, „топџиите“ влегоа во вториот дел од натпреварот со голем ентузијазам, и на крај сосема заслужено убедливо славеа.

Сепак, тренерот на Астон Вила, Унаи Емери, се погрижи најмалку да се зборува за тоа со својот скандалозен потег по натпреварот.

Емери некогаш беше тренер на Арсенал, со кого немаше многу успех, и очигледно премногу ја посакуваше победата против својот поранешен клуб. Астон Вила одеднаш влезе во трка за првото место во Премиерлигата, но синоќа доживеаа вистински дебакл на „Емирати“.

Откако судијата означи крај на мечот, Емери се поздрави само со четвртиот судија и веднаш отиде во соблекувалната.

Артета го бараше тренерот на Астон Вила низ целиот терен, а потоа сфати дека Шпанецот се одлучил за срамен потег, да замине без да се поздрави.

Артета не можеше да поверува во тоа и неговиот израз на лицето го покажуваше тоа, но го прифати фактот дека Емери нема да му подаде рака за тоа што беше подобар во овој натпревар.

Се вчитува...