Срамните сцени синоќа во Лион за време на жестоката пресметка меѓу навивачите на Лион и оние на Бешикташ уште еднаш, по којзнае кој пат, ја отвараат темата за суштината на спортот и фудбалот, натпреварувањето и љубовта кон својот клуб.
Една фотографија се издвои од купот немили факти, која отвара простор за уште подлабоко размислувања… Која е целта на сето ова? Дали ова е суштината на спортот и фудбалот!? Дали се вредни трауимите кои едно девојчето од фотографијата ќе ги има откако беше нападнатот од неконтролиран напаѓач!?
Девојче, навивач на Бешикташ од Турција, се најде пред навивач на Лион кој тргна во поход за „рушење“ се живо пред него… А, на фотографијата се гледа дека меѓу навивачите на Бешикташ има и жени и деца… Но, најмалку е важно кој е виновен и зошто!? Кој во тој момент на која страна се нашол, затоа што можело да биде и обратно!
Навивачите на Бешикташ, факт е дека го почнаа инцидентот во Лион фрлајќи пиротехнички материјали кон трибината каде беа сместени навивачи на Лион… Потоа почна „лавината“, па дали е вредно само поради некои непромислени навивачи од двете страни жртви да бидат невини навивачи, жени и деца кои сакаат само фудбал…!?
lyon 1 by goloviliga
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА