Поранешниот тренер на Рафаел Надал, и негов чичко, Тони Надал повторно го иритира тенискиот свет, посебно фановите на Новак Ѓоковиќ со своите непристојни изјави упатени кон најдобриот светски тенисер.
Добро е познато ривалството меѓу Рафа и Новак, и покрај тоа што Надал сега е далеку зад српскиот тенисер, но сето само дополнително се „зачинува“ со односот на Тони Надал кој никогаш не криел дека има анимозитет кон Ѓоковиќ.
„Би сакал Новак пред стартот на Летните олимписки игри во Париз да се повреди за Рафа да го освои златниот медал“ – изјави Тони Надал во обид да се шегува, но предизвика лавини реакции и од поранешни тенисери и од лица кои во моментов се дел од тениските национални федерации.
На, сето тоа, засега, нема реакција од Новак Ѓоковиќ…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

