Звучи неверојатно, но Македонија и трет натпревар по ред на овој светски шампионат на одмор заминува со буквално идентичен резултат, 11-18.
Со овие „минус седум“ го почнавме првото полувреме против Норвешка, идентичен беше резултатот и против Холандија, а битката за победа и против Аргентина ја загубивме по само 30 минути игра.
Иако во последната минута и двете селекции имаа напад, ниту ние, ниту Аргентинците не реализиравме, па и вечерва на одмор се замина со идентични и катастрофални за нас, 11-18.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА