Натпреварот меѓу Македонија и Украина на арената „Тодор Проески“ на крај мина и во сосема непотребно тензична атмосфера поради провокациите од страна на дел од фудбалерите на Украина меѓу кои во преден план фудбалерот на Евертон, Виталиј Миколенко.
Миколенко и дел од неговите соиграчи на крај се упатија кон клупата за резервни фудбалери на Македонија, со провокации како продолжение на дел од „конфликтите“ започнати уште во првото полувреме.
На сето тоа не можеа да останат смирени македонските репрезентативци. Првокациите од Украинците и некорекниот однос го револтираат и секогаш мирниот Аријан Адеми кој е добро познат во светот на фудбалот како најкоректниот професионалец и на терен и надвор од него…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА