Срамни сцени… Анчелоти: Го извадив од игра затоа што цел стадион му викаше: Умри, умри…

Реал Мадрид славеше на гостувањето против Реал Сосиедад во првиот полуфинален дуел од Копа дел реј, но мечот за жал мина во знакот на домашните навивачи и скандалозните скандирања во првото полувреме во Сан Себастијан.

Мета на фановите беше младиот дефанзивец на Реал, Раул Асенсио, кому при секој допир со топката му беше извикувано: Умри, умри… Реагираше дури и гостинскиот капитен Винисиус, по што судијата го запре мечот и преку официјалниот спикер беше испратено предупредување до фановите.

Карло Анчелоти реши да не ризикува и го повлече Асенсио од игра на полувремето.

„Судијата постапи согласно правилата, како што е предвидено во протоколот. Го повлеков Асенсио од две причини, првата е бидејќи веќе имаше жолт картон. Втората, никој не сака да слуша како од трибините му скандираат да умре. Тој беше потресен од она што се случуваше во првото полувреме, решив да го поштедам и го извадив од игра“, прокоментира Анчелоти.

Се вчитува...