СРАМНИ СЦЕНИ ВО ХРВАТСКА: Општа тепачка по мечот Горица – Ријека (ВИДЕО)

Ријека ја совлада Горица со 2-3 во заостанатиот натпревар од 4. коло во хрватската лига. Тимот од Ријека надополни негатива од два гола и дојде на три бода од Хајдук. По последниот свиреж на судијата Матео Ерцег следеше голема тепачка меѓу играчите.

Инцидентот почна меѓу капитенот на Горица, Филип Мрзљак и фудбалерот на гостите Бруно Года. Имаше многу искри меѓу двајцата, а сето тоа заврши со тоа што Мрзљак го удри Года во глава. Следеа уште неколку минути кошкање меѓу сите фудбалери по што ситуацијата се смири. Судијата Ерцег ја реши ситуацијата со жолт картон за Года, додека Мрзљак заработи директен црвен картон.

Целиот инцидент можете да го погледнете на следниот линк. 

Се вчитува...