Убедливата победа на Фенербахче над Анадолу Ефес од 100-74 остана во сенка на неспортскиот потег на тренерот на гостите Ергин Атаман.
Стратегот на Ефес на крајот одби да се ракува со колегата од противничката екипа, Жељко Обрадовиќ иако во последно време и немаа некои судири меѓу себе…
„Често сум играл против Жељко, и победувал и губел. Секогаш сум се ракувал, но сега не сакав а Обрадовиќ знае зошто. Ривалите и тренерите мора да имаат почит меѓу себе. Но, да се води со 24 поени разлика и на шест секунди пред крајот да се оди на кош и тоа на агресивен начин, во нашата работа е ништо друго туку непочит. Жал ми е поради тоа“ – ги објасни причините Атаман зошто одби да се ракува со српскиот тренер, сепак не пропуштајќи и да го „пецне“ Обрадовиќ…
„Но, го разбирам зошто Обрадовиќ токму на овој меч сакаше да покаже надмоќ. Имаше тешка недела зад него најпрво со удирање на шлаканица на својот кошаркар, а потоа и со поразот од 25 поени од Олимпијакос во Евролигата“ – дополни Атаман.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА