Светскиот шампион во Формула 1 од 2007 година, Кими Раиконен без да биде свесен за тоа го привлече целокупното внимание на светската спортска јавност за време на свеченоста на Светската автомобилистичка асоцијација (ФИА) која се одржа во Русија.
На гала вечерта на доделувањето на признанијата за најдобрите во изминатата година, Финецот се најде во центарот откако се појави на свеченоста „мртов“ пијан не знаејќи за себе.
Кога требаше да ја прими наградата заедно со Германецот Себастијан Фетел, Раиконен се појави на бината комплетно изгубен, не знаејќи каде е и каде оди. Сето тоа наиде на огромна смеа меѓу присутните за кои гестикулациите на Ракинонен јасно покажуваа дека е малку „подрасположен“…
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА