Аргентинските репрезентативци бурно ја прославија шампионската титула на Светското првенство во Катар. Во соблекувалната групно го навредуваа Килијан Мбапе со минута молк, а дел од нив водеа битката со критичарите и на свој начин.
Еден од нив е Родриго Де Гол кој во снимката во живо на Истаграм профилот на Николас Отаменди на „хетерите“ им порача орално да го задоволат.
„Ние засекогаш се запишавме во историјата. Кој и да се сомневаше во мене, нека ми го пу** к**от“, порача играчот на Атлетико Мадрид.
А, легендарниот голгетер Серхио Агуеро кој се пензионираше поради срцеви проблеми во целосна опрема славеше на теренот, а потоа навредуваше во соблекувалната каде на својот Инстаграм профил не заборави да го спомене Камавинга.
„Камавинга, пинга“, рече Агуеро.
Sergio Aguero singing about CAMAVINGA on Instagram celebrating the World Cup win in the Argentina locker room with Messi pic.twitter.com/LI7L4MHxXt
— CC 🇲🇦 RLCOUT (@CalcioChelseaFC) December 18, 2022
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА