Двајца навивачи на Саутемптон се уапсени од страна на полицијата поради исмевање на авионската несреќа во која почина фудбалерот на Кардиф, Емилијано Сала.
Денешниот меч меѓу Саутемптон и Кардиф беше прв за велшкиот клуб откако беше најдено телото на Сала во урнатиот авион, а двајца фанови покажаа крајна бесчувствителност откако за време на натпреварот со раширени раце имитираа авион, вртејќи се кон трибината каде беа сместени навивачите на гостинскиот тим.
Уште за време на натпреварот се појави видео од инцидентот, а стјуардите ги избраа двајцата фанови од трибината. Оттаму ги презеде полицијата, која ги спроведе до најблиската станица.
Британските медиуми најавуваат дека на двајцата навивачи на Саутемптон ќе им бидат изречени забрани од по три години за влез на фудбалски стадион – како јасен став на властите на „островот“ во битката против ваквите луѓе на кои дефинитивно не им е место на спортските арени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА