Европската ракометна федерација (ЕХФ) се огласи по неодигрувањето на финалниот натпревар од Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК, со повеќе од срамно соопштение од само една реченица.
„Финалето на ЕХФ Европскиот куп меѓу Алкалоид и АЕК во Скопје е откажано поради безбедносни причини“ – вели во само една реченица ЕХФ.
Повеќе од срамно соопштение на ЕХФ ако се знае дека единствената причина, и покрај перфектните услови за одигрување на дуелот, беше откажувањето на гостинскиот тим да излезе на терен, поради закани од сопствените навивачи. А, не некакви безбедносни ризици!
Јасно е дека не постоеја никаква безбедносни причини за неодигрување на дуелот, но единствено неразјаснети меѓусебни односи на раководството на АЕК со сопствените навивачи. Во секој случај, согласно најавите, во вторник ЕХФ треба да ја донесе конечната одлука околу неодиграниот реванш-дуел од финалето.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

