Бразилската фудбалска федерација се подготвува да го отпушти тренерот Доривал Јуниор, јавуваат локалните медиуми.
Искусниот стручњак беше трет селектор на Бразил, по Рамон Менезес и Фернандо Диниз, кои ја предводеа екипата по заминувањето на Тите по Светското првенство во Катар.
Доривал го предводеше Бразил во 16 натпревари, во кои забележа седум победи, шест нерешени и три порази, од кои последниот беше против Аргентина (4-1).
Токму овој пораз ќе му дојде на глава како што стојат работите, бидејќи челниците на локалната алијанса почнаа да бараат негова замена.
Медиумите од таа земја јавуваат дека речиси е одлучено да се смени, само се чека состанокот на Управниот одбор за официјално да се соопшти одлуката.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА