СРАМОТА: Алкалоид ПОБЕДИ! Грците загубија, и на терен и надвор од него!

Срамното одлука на првиот човек на АЕК, без разлика на колкав и каков притисок е подлегнат пред сопствените навивачи, е причината поради која вечерашниот спектакл од реваншот на финалето на ЕХФ Европскиот куп воопшто не се одигра.

Нема дилема, Алкалоид службено МОРА да го добие овој меч, со самото тоа и трофејот, но вистинска штета е што наместо празник на ракометот, бевме сведоци на срамни игри за кои не смее да има место на спортските настани. ОВА Е ДАЛЕКУ ОД СПОРТ. Затоа што Алкалоид како клуб, Кире Лазаров како тренер, но и сите ракометари беа свесни дека може да има вакво сценарио, па добро се подготвија да нема ниту еден инцидент на теренот.

А немаше ниту една немила случка ниту на трибините, само политичко лудило на група луѓе и можеби еден човек, кој свесен дека неговиот тим нема шанси во битка на терен, се реши за едно сосема поинакво алиби за сопствениот спортски неуспех.

Алибито за присуство на навивачи е апсолутно смешно, откако беше добиена информација дека два автобуси се уште пред повеќе од еден час вратени назад, по проблемите поради поголемата бројка од најавената гостински навивачи. За хулигани нема место на трибините, а ЕХФ откако го толерираше нивното однесување на првиот меч во Атина (во глава беше погоден Митев, но финалето продолжи), овојпат мора да стави крај на грчкото лудило кое трае уште од она скандалозно неиграње со Партизан во Белград.

Ракометарите на АЕК јасно ставија до знаење дека сакаат да излезат и да водат битка на терен, но првиот човек на клубот беше дециден на ставот – па макар и по цена на службен пораз.

Алкалоид мора да се закити со европски трофеј што апсолутно го заслужува, но штета е што овој фантастичен успех не е крунисан со триумф над АЕК на терен, туку останува со политичка дамка што клубот од Автокоманда апсолутно не ја заслужува.

Се вчитува...