Срамота: Фудбалерите протестираа стоејќи на терен, Ла Лига ги „исече“ од преносот

Шпанскaта јавност е во шок од односот на водечките луѓе на Ла Лига, кои решија воопшто да не го вклучат во директниот пренос протестот на фудбалерите на Еспањол и на Овиедо поради закажаниот меч во Мајами меѓу Барселона и Вилјареал.

Се погласни се критиките од сите страни за ваквиот потег на Ла Лига, а фудбалерите веќе најавија дека неколку средби ќе почнат со стоење на терен од по 20 секунди на играчите на двата тима. Први тоа го сторија Еспањол и Овиедо, но тоа не влезе во ТВ преносот кој се пренесе на терен од 21. секунда, а на почетокот беше прикажана панорамска снимка од стадионот однадвор.

Критиките по ваквиот потег станаа уште погласни, па останува да се види реакција на останатите средби викендов, од кои на голем дел беше најавен сличен бојкот во времетраење од 20 секунди.

Се вчитува...