„Срамота! Лева мора да покрене петиција за доделување на ‘Златната топка’“

Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рио Фердинанд вели дека Роберт Левандовски мора да покрене петиција за сепак да се додели „Златната топка“ за 2020 година.

„Да сум јас Роберт Левандовски и да го откажеа доделувањето на „Златната топка“, јас би покренал петиција да се промени одлуката. Не можам да верувам дека го откажаа доделувањето. Срамота! Лева заслужува бидејќи освои двојна титула во Бундеслигата, а ќе игра и финале во ЛШ“, изјави Фердинанд. 

За потсетување од реноминираниот „Франс фудбал“ информираа дека годинава нема да ја доделат наградата за најдобар фудбалер во светот поради пандемијата од коронавирусот која доведе до одложување на Европското првенство за следната година.

Се вчитува...