Македонската женска кошаркарска репрезентација до 18 години на „Челинџерот“ на ФИБА кој се одржува во Софија сруши негативен рекорд откако не успеа да постигне ниту еден поен во првата четвртина од мечот против Словенија.
„Црвено-жолтите“ покрај тоа што за десет минути игра не успеаја да постигнат ниту еден поен имаа и 15 изгубени топки кои ги искористија Словенките за водство од 34-0. Сепак Македонките го поправија учинокот во втората четвртина која ја добија со 13-11, но и покрај тоа на полувремето заминаа со огромна негатива.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА