Португалија со импресивна игра ја декласираше Швајцарија со 6-1 и се најде во четвртфиналето на СП 2022, но главна вест кога станува збор за Португалците останува Кристијано Роналдо и неговото однесување кон селекторот Сантош и кон соиграчите.
Весникот „Рекорд“ во денешното издание објави шокантна вест, дека Роналдо се заканил дури и со заминување дома среде мундијалот, откако не беше вклучен во составот за осминафиналето со Швајцарија. Тој беше видно незадоволен кога Сантош го повлече од игра на групниот меч со Јужна Кореја, а селекторот повлече уште похрабар чекор откако го пресели Роналдо на клупата од првата минута против Швајцарија.
Роналдо бил бесен на ваквата одлука, а ноќта по натпреварот следеле дискусии дали воопшто тој треба да остане со националниот тим, откако самиот изразил подготвеност да си замине и да го напушти хотелот на репрезентацијата. Сантош во јавноста дава изјави со кои кои го поддржува големиот ас, но на селекторот веќе му е јасно дека соработка со Кристијано е невозможна мисија, но сепак е цврсто решен да го остави на клупата за резерви и на четвртфиналниот меч со Мароко.
Виновник за целокупниот конфликт дефинитивно е само Кристијано – кој фрустрациите од Манчестер Јунајтед кои резултираа со негово заминување од „Олд Трафорд“ сега ги пренесе и во репрезентацијата, и тоа среде светско првенство, што е ндозволиво.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА