Српската ракометна репрезентација ќе биде дополнително ослабена на Европското првенство во Хрватска откако селекторот Јовица Цветковиќ потврди дека нема да смета на Илија Абутовиќ и Страхиња Милиќ. Покрај отсуството на Рниќ, Стојковиќ и Белјански, дополнителни проблеми прават отсуствата на двајцата ракометари на Вардар.
„Страхиња Милиќ се откажа поради повреда, додека Илија Абутовиќ нема да настапува поради приватни причини, засега не знам за што станува збор. Се надевав дека ќе избегнеме волку проблеми со повреди и откажувања, но ни се случи сосема спротивното. Покрај овие двајца, претходно наидовме на проблеми и со Рниќ кој ја скрши ногата, Растко Стојковиќ мора да оди на операција на коленото, додека Бојан Велјански има пукнат мускул. Очигледно дека ми е жал, многу тешко собравме 16 играчи, но се подготвуваме како да сме комплетни“, изјави селекторот Цветковиќ.
Србија го започнува првентсвото во групатa A со домаќинот Хрватска, Ислан и Шведска, а токму Хрватска е нивната прва пречка во борба за местото кое води во следната фаза.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА